| |

Во Бугарија и признанијата од олимпијади и натпревари и спортските медали освоени во XI клас ќе се признаваат при упис на државните универзитети

Лауреатите на национални или меѓународни олимпијади или натпревари, како и освојувачите на медали од Олимписки игри, светски и европски првенства, ќе можат да конкурираат на државните високообразовни установи со оценка врз основа на признанијата освоени и во XI клас, јавува БГНЕС.

Ова е предвидено со измена на Уредбата за државните услови за прием на студенти во високообразовните установи во Бугарија, усвоена со одлука на Советот на министри.

Досега Уредбата дозволуваше постигнувањата на кандидатите да се земат предвид при пресметувањето на бодовите и рангирањето единствено ако признанието било освоено во годината на завршување на средното образование, односно само во XII клас. Со измената, текстот на Уредбата се усогласува со Законот за високото образование.

На лауреатите на национални и меѓународни олимпијади, високообразовните установи им признаваат оценка одличен 6,00 за испитите што соодветствуваат на предметот на олимпијадата.



Слични Објави