АМАБСАДОРОТ НА САД, ЏЕС БЕЈЛИ И МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА АСАФ АДЕМИ ГО ОТВОРИЈА СИМПОЗИУМОТ ЗА МЕНАЏМЕНТ ВО КУЛТУРАТА
Денес и утре во Скопје, се одржува Arts Symposium (Симпозиум за менаџмент во уметноста) кој го организира Амбасадата на САД во Р. Македонија, во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и ЗГ Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата од Скопје …
Симпозиумот го отвори амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли и министерот за култура Асаф Адеми.
Амбасадорот Бејли го поздрави првото официјално обраќање на новиот министер за култура Адеми, и го поздрави Симпозиумот искажувајќи уверување дека овие два дена ќе придонесат за размена на искуства за унапредување на културата во Македонија. Тој зборуваше за важноста на културата, за тешкотиите и предизвиците, за креативноста и економската одржливост во оваа сфера.
Министерот за култура Асаф Адеми рече дека процесите кои се тема на Симпозиумот ќе ги зајакнат капацитетите на овдешните мрежа на менаџирање во културата и ќе помогнат за следење на светските трендови во сферата на организацијата и на финансирањето на програмите од културата.
Главни предавачи на Симпозиумот се гостите од САД Авива Розентал – заменик директор од Канцеларијата за меѓународна соработка при музејот Смитсониан во Вашингтон, Филип Хорн – поранешен извршен директор на Советот за уметност од Пенсилванија и Ален Наус – актер и некогашен директор на Театарот на Уметниците во Портланд, Орегон.

