ФОТО: КАКО КОКО ГО СРЕТНА ДРАГАН ПО 10 ГОДИНИ

Емотивен момент. 10 години подоцна се сретнаа двајцата верни другари. Тогаш, Драган беше еден од луѓето кои инсистираа Коко да замине на ресоцијализација, иако силно приврзан за него. Денес, Коко веднаш го препозна Драган. Се израдува како мало дете. Додуша и двајцата се израдуваа. Ние плачевме. Навистина е многу емотивно кога ќе видиш колку животните знаат да дадат љубов и ги памтат оние кои ги сакале. ❤️❤️❤️
Оваа фотографија е од карантинскиот дел, не е живеалиште на Коко. Денес тој има голем простор, плус и нови другари кои ги запозна и со Драган.

Facebook статус на Тина Мицкоска