СЀ Е ТЕАТАР, СЀ Е ПРАНК

*Пранк (анг.) – шега чија основна цел е жртвата да почувстува срам, нелагодност и конфузија.

Заев се претстави прекрасно за време на пресот после појавувањето во јавност на пранкот смислен од „комичарите на Путин“ и насочен против нашата светла евроатлантска иднина. Од една многу незгодна ситуација успеа да излезе релативно сув. Ха-ху-хи-хи на истата шега паднале и појаки фацки од мене (Макрон и Борис Џонсон) во добро друштво сум. И оп све се претвори во зезање. Ало Столе, кој Столе, оној доле и сл. Како Мартин Протуѓер да го спремал.

Одговорност се разбира нема. Заев не гледал причина некој од неговите 100-тина советници (платени инаку од наш џеб со немали плати) да ја „јаде метлата“ заради овој циркус со Вован, Лексус. Ангела, Вес Мичел и др. Ама тие биле „играчи на Путин“, намерно удираат по Заев… па нормално дека по Заев ќе маваат, ама Заев нели затоа зема со себе речиси 8 фудбалски тимови од советници, да го советуваат и да не испаѓа во такви незгодни ситуации.

Недостатокот на одговорност кај блиските луѓе на власта е најголемиот пранк, заради кој веќе 30 години Македонија не може да мрдне напред ни сантиметар. Нема ниту еден висок и важен македонски функционер, кој презел одговорност за нешто.

Рашковски нема да го јаде за тендерот со „Леонардо“, затоа што му е близок на Заев. Миле Јанакиески сега го малтретираат со влези-излези шеми, бидејќи неговиот лик е погоден за подбив. Има фаца која асоциира на тоа дека државата може да си игра кур-ташак со него, ама и тука не чекајте одговорност. Сѐ е театар, сѐ е пранк.

PS: Следниот пранк ќе биде со СЈО, јер реформите во правосудството не трпат одлагање.

PS II: Ги молам советниците на Заев: Момци, аман не му враќајте на Путин со „пранк“ смислен од Војче Китановски, оти срамот што ќе го кркаме ќе биде термојадрен.

Автор: Атанас Величков