| |

Комеморативен настан во Виница за жртвите од пожарот во „Пулс“ во Кочани

Во Виница ќе се одржи комеморативен настан во спомен на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, меѓу кои беа и две девојчиња од градот, Ана и Моника.

Настанот се организира по повод една година од трагичниот настан и е наменет за оддавање почит на сите загинати. Комеморацијата ќе се одржи на 15 март 2026 година во кино-салата при Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, со почеток во 19 часот.

Организаторите повикуваат граѓаните со заедничко присуство и сеќавање да ја споделат тишината и да им оддадат почит на сите кои го загубија животот во трагичниот настан.

Слични Објави