| |

Фон дер Лајен и Кошта: Кадрите од погребот на Ратко Младиќ во Белград беа шокантни

Кадрите од вчерашниот погреб на Ратко Младиќ во Белград беа шокантни, оценија претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во заедничка изјава објавена на платформата „Икс“, пренесува БНТ.

„Елементите на официјална државна поддршка и присуството на некои високи српски претставници на погребот предизвикуваат длабоко жалење“, наведоа двајцата европски лидери.

Според нив, ваквите постапки се спротивни на вредностите врз кои се темели патот на Србија кон Европската Унија.

Фон дер Лајен и Кошта потсетија дека Ратко Младиќ беше осуден воен злосторник, одговорен за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.

Младиќ, познат и како „касапот од Босна“, почина во Хаг, каде што издржуваше доживотна затворска казна за геноцидот во Сребреница и други злосторства.



Слични Објави