Милотинова: Во РС Македонија и Србија има драстични случаи на кршење на човековите права
Познатата бугарска новинарка Милена Милотинова го покрена прашањето за правата на Бугарите во РС Македонија и Србија на Форумот „Западен Балкан“ во организација на Фондацијата за европска реформа „New Direction“ во соработка со Варшавскиот институт и Младинската мрежа за европска демократија (EDYN). Настанот се одржа во Софија на 2 декември годинава.
„На форумот за Западен Балкан зборував за драстичните случаи на кршење на човековите права во две од шесте земји-кандидати. Палењето на клубот на локалните Бугари во Битола и лесната казна за потпалувачот, пукањето врз клубот во Охрид, случај за кој нема казнети, претепувањето на Христијан Пендиков, одбивањето да се повика полиција и одбивањето да добие третман во болницата во Охрид за неколку повреди од претепувањето… Само затоа што е Бугарин! Зборував и за тоа како жртвите на овие криминални дела стануваат обвинети. Каков што е случајот со Љупчо Ѓорѓиевски од КЦ „Иван Михајлов“. Тој, а не потпалувачот беше обвинет за разгорување на омраза“, пишува Милотинова на социјалната мрежа Facebook.
Во своето излагање пред присутните Милотинова го покренала прашањето и за законот со ретроактивно дејство, според кој од 17 000 невладини организации во РС Македонија само двете здруженија на Бугарите во Битола и Охрид биле забранети. Како што пишува Милотинова настаните во Босилеград со спречувањето на промоцијата на книгата на Едвин Сугарев и започнатата постапка против Иван Николов, прв човек на КИЦ „Босилеград“ го повторуваат истото сценарио од Битола.
„Ете затоа ЕУ настојува за уставните гаранции за Бугарите во РСМ. Србија треба да ги спроведува законите и сопствениот Устав, во однос на правата на Бугарите во Западните покраини. Затоа што чувањето на човековите права е фундаментална вредност на ЕУ и е освен критериум од Копенхашките критериуми, кои се исполнети од сите земји-членки, а земјите кандидати за ЕУ нема како да ги заобиколат, колку и да се обидуваат да го направат тоа! Само од нив зависи почетокот на преговорите и исполнувањето на критериумите. Бидејќи само тоа води до зачленување. За тие кои навистина го сакаат тоа. А не само на зборови“, пишува Милотинова.

