| |

УАПСЕНА ЖЕНА КОЈА Е ОСОМНИЧЕНА ЗА ПИСМОТО СО РИЦИН ЗА ДОНАЛД ТРАМП

Американската полиција уапси жена под сомнение дека го испратила писмото до Белата куќа со смртоносниот отров рицин, соопштија властите. Според тамошните медиуми, таа била уапсена на граничен премин во сојузната држава Њујорк, при обид за влез во Канада.

Канцеларијата на ФБИ во Вашингтон соопшти дека е „уапсено лице кое наводно е одговорно за испраќање на сомнителното писмо”, пренесуваат британските медиуми. Извор од безбедносните служби, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека е уапсената жена е канадска државјанка.

Службите за безбедност соопштија дека не е утврдена врска меѓу писмото со отров и меѓународни терористички организации.



Слични Објави