ГДУ: ДОДЕКА НЕМА РЕАЛНИ МЕРКИ ПРОТИВ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ, НЕМА ДА ИМА И РЕФОРМИ ВО СУДСТВОТО

//

„Правосудството, борбата против корупцијата и човековите права се трите теми содржани во поглавјето 23 од пристапните преговори за зачленување во Европската Унија.
Во пракса, реформите во овие области во земјава се спроведуваат на следниов начин:
Пред само неколку месеци претседателот на Советот на јавните обвинители Коле Штерјев, незаконски ја избра внуката – избрканата обвинителка од СЈО во Обвинителството за организиран криминал и за тоа јавно призна, а сега слушаме како истиот тој сакал повторно да ја протурка за виш јавен обвинител и другата обвинителка на која СЈО и даде црвен картон, а која важи за близок човек на функционер од ДУИ.
Основното Јавно Обвинитилство – Скопје, повеќе од една година одбива да одговори дали сеуште работат како стручни соработници лицата кои со фалсификувани документи се пријавија на конкурсот за јавни обвинители.
Одложен е изборот на шефови на 20-на обвинителства во државава меѓу кои и скопското и Обвинителството за организиран криминал, со образложение од “потреба од дополнителни документи на кандидатите”
И се додека погоре наведените факти не бидат заменети со “отпуштени се 100 обвинители и судии” или “ покренати се 100 кривични обвиненија за судии и обвинители… “реформите во овие области ке бидат наменети за понатамошно “негување”на системски нефункционален и корумпиран правен поредок, за кој ке се дебатира на бесконечни “работилници и семинари” во Маврово и Охрид.
Довербата во институциите прво треба да се врати кај нас, кај граѓаните на земјава, а потоа и пред меѓународните организации.
Како што досега стојат нештата, и понатаму се вложува само во недовербата“, се вели во соопштението на партијата Граѓанско демократска унија (ГДУ).





Претходна статија

АКО ВАШИОТ ПАРТНЕР Е РОДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА!

Следна статија

УТРЕ ГРЦИТЕ СО ПРОТЕСТИ ЌЕ ГО „БРАНАТ“ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ОД „СКОПЈАНИТЕ“

Најново од Вести