АНКАРА СО ЗАБЕЛЕШКИ КОН АТИНА ЗА ОРУЖЈАТА ВО ЕГЕЈСКО МОРЕ

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, остро ги осуди обидите на грчката страна за распоредување оружје на 16 острови прогласени како демилитаризирана зона, јави новинската агенција „Анадолу“.

„Турција направи се што може за да го реши егејското несогласување во рамките на добрососедските односи. Анкара очекува Атина да дејствува во согласност со меѓународните закони, договори и добрососедски односи“, рече министерот Акар за време на посетата на турското воено претпријатие „Рокетсан“.