Манчевски со еврокомесарката Габриел ќе разговара за Дигиталниот самит во Скопје

//

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска ќе се сретне со еврокомесарката Мариа Габриел во рамките на неговата работна посета на Софија, Бугарија.

На состанокот, како што информираат од МИОА, меѓу другото, ќе се разговара и за престојниот Дигитален самит што ќе се одржи во Скопје, на 18 и 19 април, оваа година.

„Поддршката од Бугарија како земја која претседава со Европската Унија, е од особено значење за Македонија“, се додава во соопштението.



Извор: Мета

Претходна статија

Брнабиќ: Нема да го признаеме Косово за да влеземе во ЕУ

Следна статија

Земјите од ЈИЕ заеднички ќе го контролираат малото и лесно оружје

Најново од Вести