| |

КАМЧЕВ НУДИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА ДОБИЕ НОВ ВРЕМЕН ПАСОШ

Бизнисменот Орце Камчев кој е осомничен во предметот „Империја“ до судот доставил банкарска гаранција во имот вредна над 2 милиони евра, дознава ТВ 24 од извори на истрагата.

Барањето е поднесено во петокот, откако претходно обвинителката Лиле Стефанова одби да му даде нов времен пасош. 

Сега судот треба да одлучи дали Камчев ќе добие нов привремен пасош со рок на важност од 12 месеци, за да присуствува на службени патувања кои се однапред закажани.

Претходно специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева му овозможи на Камчев да добие привремена патна исправа со важност од 6 месеци.



Слични Објави