|

ВРАБОТЕНИТЕ ВО „ЕУРОКОМПОЗИТ“ ПОВТОРНО НА ПРОСТЕСТ

Шеесетината вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ повторно се собраа на протест пред фабриката, прекинувајќи ја работата и барајќи си ги своите права. Тие велат дека сѐ уште не ги зеле сите плати за повеќе од четири месеци, ниту им е извесна иднината. Инаку, 154 вработени заминаа технолошки вишок и на сите со закон им е овозможена исплата на заостанатите придонеси. Сега голем проблем имаат вработените. Велат отсега стапуваат во штрајк со порадикални мерки.

Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот во „Еурокомпозит“, штрајкот и радикалните мерки се поради тоа нема никаква најава што ќе се случува со вработените.

„Имаме најавено од денеска генерален штрајк и почнуваме со порадикални мерки со протести по улиците и собирање пред Владата. Во последниве четири месеци зедовме во просек вкупно 30-ина илјади денари. Немаме никаква работа. Упатуваме апел до Владата под итно да се најде работа од Министерствата за внатрешни работи и за одбрана. Доколку не се најде такво решение, подобро е да се стави клуч на вратата на „Еурокомпозит“. Бараме под итно да ни се исплатат по 30.000 денари за да почнеме со работа. Жално е кога сите се борат за зголемување на платите, ние се бориме за минимална плата“, рече Богданоски.

Слични Објави