Лестер Стјуарт стана првиот државјанин на САД што ја изодел поклонничката рута „Камино Бугарија“
Лестер Стјуарт стана првиот државјанин на САД што ја изодел поклонничката рута „Камино Бугарија“, која започнува во Малко Трново, минува низ Странџа и крајбрежниот дел на Бургаскиот регион и завршува во Созопол, јавува БНТ.
Стјуарт, кој зад себе има 23 изодени Камино-рути, оценил дека патеката и нејзината сигнализација се на ниво на познатиот „Камино де Сантијаго“. На патот минал низ Заберново, Писменово и Приморско, а во Созопол ја добил „Јоанија“ – потврда за успешно завршена поклонничка рута.
Неговата потврда е меѓу првите 100 издадени „Јоании“, што значи дека досега 100 поклонници успешно ја поминале „Камино Бугарија“.
По завршувањето на рутата, Стјуарт продолжил пеш по крајбрежјето кон Бургас, а потоа ги посетил и Пловдив и Асеновград.
„Бугарија е прекрасна и се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам“, изјавил тој по враќањето во САД.

