| |

Почести за младите бугарски математичари во Њујорк

Младите математичари од бугарското училиште „Христо Ботев“ од Њујорк освоија 8 медали во првото коло на меѓународниот натпревар „Математика без граници“. На натпреварот годинава учествуваа учесници од 29 земји од светот, јавува Радио Бугарија.

За време на традиционалната училишна божиќна прослава, на воспитаниците на бугарското училиште во четири возрасни групи им беа доделени златни, сребрени и бронзени медали, а сите учесници на натпреварот добија дипломи, информираат од едукативниот центар на својата Фејсбук страница. Има и специјални награди – за најмал учесник, за највредниот математичар и за ученик од трето одделение кој задачите ги решавал целосно на бугарски јазик.

Наградите ги доделија наставниците по математика, кои на учесниците им посакаа да продолжат да работат напорно и да не се откажуваат од барањето одговори дури и на наизглед невозможните задачи. „Животот е математичка равенка, со која се обидуваме да ги научиме децата како негативата да ја претворат во позитива“, споделија наставниците.

На божикната прослава учениците добија и едукативни подароци за нивното активно учество во иницијативата на „Радио Бугарија“ – „Мислиме на Левски“, вклучена во Националната програма за одбележување на 150-годишнината од херојската смрт на апостолот на слободата Васил. Левски и поддржан од Министерството за култура.

Слични Објави