| |

КАТАРИНА СИНАДИНОВСКА: КРСТО ЈОВАНОВСКИ ОДРЖА ЕДЕН ОД НАЈСРАМНИТЕ ГОВОРИ ВО СОБРАНИЕТО

„Пратеникот Крсто Јовановски бара двајцата лидери Заев и Мицкоски да седнеле, да се затвореле зад некои врати 5 или 10 дена и да си нашле решение за кризата.
Се’ што треба нека се направи само да не се бара од пратениците да преземаат одговорност, односно да си ја работат својата работа. Тие се таму очигледно само за да стискаат копчиња, се разбира, и тоа само тогаш кога ќе им се дозволи. За вакви, суштински дискусии или чувај Боже одлуки, премногу се нежни.
За мене, ова е еден од најсрамните говори во Собранието. Народен избраник ја гази суштината на храмот на демократијата и бара двајца лидери да се затвореле и во четири очи да се договорат.
Овој пратеник понатаму вели дека доволна била мала искра за некој да биде жигосан како предавник и оттука веројатно заклучува дека поарно било овие двајца да преземат одговорност, отколку чувствителните ни пратеници.
Господине Јовановски, минимум доблест налага да признаете дека тоа за кое Вам ви е страв дури и да зборувате, иако имате должност пред граѓаните, токму тоа некој успеал да го преточи во политички производ. Одговорноста некој веќе ја презел, господине Јовановски, се разбира и покрај искрите и жигосувањата што таа ваша партија ем ги произведе, ем крајно ги злоупотребува“- напиша на својот facebook профил познатата новинарка Катарина Синадиновска.

Слични Објави