УТВРДЕН Е ИДЕНТИТЕТОТ НА НАПАЃАЧОТ ВО ЛОНДОН

Вести Истакнато Свет

Британската полиција го утврди идентитетот на младиот човек кој вчера изврши терористили напад во Лондон, кога со кола удри во тројца велосипедисти околу зградата на Парламентот.

Тоа е 29 годишниот Салик Хатер, емигрант од Судан кој пред 5 години пристигнал во Велика Британија. Живеел во близина на Лондон, каде пред 4 месеци се преселил од Бирмингем. И бил познат само на локалната полиција, соопшти Би-Би-Си.

Хатер во Британија се школувал за да стане сметководител, работел како менаџер во локалната продавница. Во слободно време се занимавал со фудбал, слушал поп-музика и бил активен на фејсбук.