КАРДИНАЛ ВО ВАТИКАН ЗАРАЗЕН СО КОВИД-19
Регистриран е првиот случај на заразен со Ковид-19 кардинал во Ватикан, пренесува ТАСС.
Станува за збор за главниот викар на Рим, кардиналот Анџело Де Донатис кој е примен со висока температура во римската болница „Џемели“.
Кардиналот не е во критична состојба и прима терапија, стои во соопштението на властите во Ватикан.
Како што станува јасно кардиналот Де Донатис немал лични контакти со папата Франциск, чии график за средби е силно редуциран заради пандемијата на коронавирусот.
Досега во Ватикан се регистрирани 6 случаи на Ковид-19, но ниту еден од заразените немал контакт со папата или со луѓе од неговиот тесен круг.

