ИНГА Е НА 85, А КАРСТЕН НА 89: СЕ САКААТ ПРЕКУ ЗАТВОРЕНАТА ГРАНИЦА

Инга живее во Данска, а Кастен во Германија. Границата меѓу двете земји е затворена заради коронавирусот, но љубовта меѓу двајцата возрасни луѓе не може да биде запрена од пандемијата.

Секој ден 85-годишната Инга Расмусен и 89-годишниот Карстен Тухсен Хансен се сретнуваат на границата меѓу Данска и Германија кај градчето Авентофт, за да пијат кафе и шнапс.

„Наздравје за љубовта“- наздравуваат двајцата, кои во поинаква ситуација би се прегрнале и бакнале, но сега треба да пазат дистанца еден меѓу друг.

На средбите, Карстен доаѓа со електричен велосипед, а Инга со својот автомобил.