РОДИЛКАТА ЛАЖЕЛА ДЕКА Е ДОКТОРКА

Сепак не била докторка родилката која криела дека нејзиниот свекор е заразен со корона вирусот , а којашто била примена прво на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, како што објави Плусинфо,.  Откако се дознало дека нејзиниот свекор е заболен од ковид-19, таа била итно префрлена во изолација. Но потоа самоиницијативно, таа си заминала од Клиника во приватна болница каде била породена со царски рез. И таму не кажала дека свекорот е заразен со вирусот, но во болницата и таа развила симптоми на инфекција со ковид-19, по што била однесена на Инфективната клиника во Скопје.

loading...



loading...