| |

ЧЕПРЕГАНОВ: ПРОБЛЕМОТ СО НОВИОТ ПИК Е ЗАРАДИ МЕНТАЛНИОТ СКЛОП НА ГРАЃАНИТЕ

Докторот Методи Чепреганов за емисијата „Само вистина“ изјави дека бројот на новозаразени е голем поради тоа што одредени луѓе не успеале да созреат како личности и се деструктивни.

Тој смета дека ако турскиот претседател Ердоган можел да ја затвори 4 дена во карантин за верскиот празник Рамазан Бајрам, тогаш сме можеле и ние.

„Сметам дека проблемот е во менталниот склоп на граѓаните. Апелирам дека сите заедно треба да сме во ова, да нема поделби“, наведе докторот.

За него, Комисијата за заразни болести одлично се справувала со ситуацијата се до моментот кога се случила литијата во Струга, по што почнале да се отвораат и џамиите низ земјава.



Слични Објави