НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 74 ГОДИНИ ОД КОМУНИСТИТЕ Е УБИЕН ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ И ТРАКИЈСКИ ВОЈВОДА ТАНЕ НИКОЛОВ

Легендарниот македонски и тракијски војвода Тане Николов Жеков е роден е на 9 март 1873 година во Хасково, Бугарија. Учел во родниот град и потоа постапил на воена служба.

loading...

Во 1902 година ја напуштил армијата со чин подофицер. Во август 1902 година станал комита во четата на војводата Константин Антонов. Од 1903 година е самостоен војвода.

За време на Илинденското востание раководил со чета во Западна Тракија каде останал и по востанието. Неговата револуционерна активност од овој период вклучува бомбашки напад врз врз воз на мостот кај селото Бадома (сега Палаја, Палагија) во Тракија во јули 1904 година, што го извршил заедно со неговите другари Митро Карабелјата од селото Дервент, Дедеагач и Петко Кеља од селото Манастир, Ѓумурџинско , како и неуспешен обид за бомбашки напад врз железничката станица Кулели Бургас.

Четата на Тане Николов водела низа борби со османлискиот аскер. Во селото Мерхамли (денес Пеплос), регионот на Ференско кон крајот на декември 1904 година по предавството и напад врз неговата чета, Тане Николов е ранет. Една недела подоцна, во јануари 1905 година, тој водел голема битка со редовната турска војска во близина на селото Манастир. Во 1906 година се префрлил во Леринско.

Во 1907 година бил назначен за војвода во Прилепско и Велешко каде успеал да ги прогони четите на Јован Бабунски и Глигор Љамев. Во јули 1907 година бил водач на обединетите чети на Организацијата, кои учествувале во најголемата битка по Илинденско-Преображенското востание, онаа на врвот Ножот, во близина на прилепското село Ракле.

По битката бил назначен за ревизор на сите чети во Западна Македонија. Во 1908 година бил делегат на Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО како делегат на Битолскиот округ.



loading...

После Хуриетот, на 24 септември 1908 година во Солун Тане Николов извршил атентат врз Јане Сандански, при обид да ја исполни смртната пресуда врз Сандански која била издадена од страна на Организацијата.

Тане Николов учествувал со своите чети во Балканските војни во Македонија. За време на Првата светска војна се вклучува во Единаесеттата пешадиска македонска дивизија. Во пролетта 1917 година учествува во задушувањето на Топличкото востание во Србија.

По Првата светска војна создал Внатрешна Тракиска Револуционерна Организациjа коjа била активна во Западна Тракиja. Во 1924 година се повлекол од револуционерната дејност во Асеновград. За време Втората светска војна доаѓа неколку пати во Македонија и е иницијатор за почеток на чествувањето на годишнините од Битката на Ножот.

на 19 јануари 1947 е угушен во притворското одделение на милицијата во Асеновград, каде што е притворен по вооружена пресметка со кираџиите на неговата мелница. По неговата смрт, комунистите пробуваат да го оцрнат големиот војвода нарекувајќи го „терорист, разбојник и пријател на Фердинанд, кому му подарувал златници украдени од различни разбојнички акции“.