| |

ВО БУГАРИЈА ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ЗБОРНИК СО ДОКУМЕНТИ „АРХИВ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Во Бугарија излезе од печат книгата „Архив на Гоце Делчев“, составена од историчарите Ива Бурилкова и Цочо Биљарски, познати специјалисти од Централниот архив на Бугарија. Книгата е издадена од фондација „ВМРО“ и издаваштвото „Захари Стојанов“.

Бугарската агенција БГНЕС пишува дека дело од ваков тип, каде што се собрани повеќе од 911 документи на Гоце Делчев се објавува за прв пат. Зборникот со документи го опфаќа времето од 11 јули 1891 г. (од влезот на Делчев во Военото училиште во Софија) до првите денови на мај 1903 г, кога загинува во борба со турскиот аскер кај село Баница Серско.

Самата книга брои 850 страници и изобилува со фотографии и факсимили на документи пишувани лично од Гоце Делчев.

Слични Објави