ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛА ТАЛЕВСКИ ОСУДЕН НА 8 ГОДИНИ ЗАТВОР
Поранешниот градоначлник на Битола, Владимир Талески е осуден на осум години затвор.
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска судијката Добрила Кацарска ја изрече првостепената пресуда за случајот „Транспортер“ кој го покрена СЈО против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20 лица.
Предметот се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.