| | |

(Видео) Се појави украинска верзија на „Бела Чао“, која е на пат да стане симбол на борбата против агресијата на Путин

На 11-тиот ден од руската валкана војна против Украина, се роди украинската верзија на Бела Чао. Оригиналната верзија на песната е симбол на италијанскиот герилски отпор против Хитлер и нацизмот. Се пее на многу јазици, а од денес и на украински. Адаптацијата и изведбата се дело на Христина Сововиј.

„Мирот е можен само по победата. Оваа песна е за сите оние кои земаа оружје за да ја одбранат Украина и нашето право да постоиме. Ти си тој што носи мир.
Поддржете ја украинската армија!

Нејзиниот настап веќе стана хит и симбол на борбата на Украина за слобода и независност од Кремљ.

Слични Објави