(Галерија) Фондација „Бугарска памет“се подготвува за новата акција со бесплатни лекарски прегледи во Мала Преспа, Албанија
Нашиот тим е во интензивна подготовка за уште едно издание на бесплатните профилактички прегледи во регионот на Мала Преспа, Албанија, информираат од Фондациja Бугарска памет.
„Со многу посветеност и грижа ја организираме оваа иницијатива, која со текот на годините стана долгоочекуван и значаен настан за локалната бугарска заедница“, велат од фондацијата на познатиот бугарски бизнисмен и филантроп д-р Милен Врабевски.
По тој повод, со радост се потсетуваме на инспиративните моменти од минатогодишното издание, кога лекари од три водечки медицински установи од Бугарија, предводени од проф. Иво Петров, ги здружија своите сили за да прегледаат стотици жители од регионот – целосно бесплатно, стои во објавата на Фондацијата на социјалната мрежа Facebook.











