РУСКИ МИТРОПОЛИТ ЈА НАРЕЧЕ ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА

/

Митрополитот од Руската Православна Црква Тихон ја нарече пандемијата на Ковид-19 трета светска војна во која целото човештво се бори против еден непријател- новиот коронавирус.

„По 75 години повторно е војна-светска војна. Воопшто не преувеличувам, не вршам притисок на вас со некоја посебна загриженост, страв. Тоа навистина е така: во тек е војна меѓу човештвото и тоа зло што влезе во човечкиот род и против кое ни претстои вистинска борба, баш како и на нашите дедовци и татковци за време на војната,“ рекол митрополитот за време на своја проповед.



Митрополитот Тихон ги повика верниците да не го посетуваат Псковско-Печерскиот манастир кој се смета за еден од најстарите во Русија и кој не бил затворен ни за време на Втората светска војна.

Претходна статија

РОНАЛДО И ВО ЕК НА НАЈГОЛЕМАТА СВЕТСКА КРИЗА СТАНУВА ТРЕТ МИЛИЈАРДЕР МЕЃУ СПОРТИСТИТЕ

Следна статија

СЕ УТВРДУВА ДАЛИ ПОЧИНАТАТА НА ГАК РОДИЛКА ОД ОХРИД БИЛА ЗАРАЗЕНА СО КОВИД-19

Најново од Вести