| | |

(Галерија) Во Софија откриен споменик на генерал Владимир Вазов – „Победникот од Дојран“

На Денот на Соединението во Софија беше откриен споменик на генерал Владимир Вазов – „Победникот од Дојран“. Споменикот е поставен на крстосницата меѓу ул. „Панajот Хитов“ и бул. „Владимир Вазов“, а негов автор е скулпторот Борис Борисов, јавува БГНЕС.

На свеченото откривање присуствуваа градоначалникот на Софија Васил Терзиев, министерот за правда Георги Георгиев и извршниот директор на издавачката куќа „Сиела Норма“ Веселин Тодоров.

Градоначалникот Терзиев потсети на зборовите на генерал Вазов дека пред општото добро на престолнината треба да замолкнат партиските интереси и нагласи дека тие и денес звучат актуелно. Тој истакна дека споменикот е симбол на граѓанска одговорност, професионализмот и личниот морал.

Министерот Георгиев изјави дека иницијативата за изградба на споменикот била поддржана од сите политички сили во Советот на град Софија. Тој нагласи дека генерал Вазов останува пример и како командант, и како градоначалник, и дека секој граѓанин ќе знае каде е неговиот споменик за да се потсети на подвизите на нашите предци.

Споменикот има цел не само да ја оддаде почитта кон генералот, туку и да биде инспирација за обединување и одговорност во општеството.

Слични Објави