|

(Видео) Се појавија првите снимки од нападот на Индија врз Пакистан

Тензиите меѓу соседните земји со нуклеарно оружје, Индија и Пакистан, драматично ескалираа откако Индија вчера вечер ја започна својата воена операција „Синдур“, погодувајќи девет локации во Пакистан и Кашмир, управуван од Пакистан, тврдејќи дека целите биле „терористичка инфраструктура“ поврзана со масакрот во Пахалгам во април, каде што беа убиени 26 лица, претежно индиски туристи.

Пакистан ја обвини Индија за „неиспровоциран и отворен чин на војна“. Според нив, погодени се цивилни области во Муридке и Ахмадпур (во пакистанската покраина Пенџаб), како и во Музафарабад, Котли и Баг на територијата на пакистански Кашмир.

Пакистанската армија објави дека најмалку седум лица се убиени во индиските напади, вклучувајќи две деца, а дека цел на нападите биле и џамиите.

Пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Асиф, ја обвини Индија за „лажно тврдење дека ги таргетирала терористички кампови“, кога, според него, целите биле цивили.

Пакистан најави одговор „во време и на место што самиот ќе го избере“, а премиерот Шехбаз Шариф рече дека е во тек решителен одговор. Според пакистанската војска, два индиски борбени авиони биле соборени, но ова не е независно потврдено. Пријавен е и пожар од правец на Пакистан, на границата со Индија.

Во исто време, индиската армија објави на Икс: „Правдата е задоволена“.

На социјалните мрежи се појавија снимки, на кои наводно се гледа индиски напад врз Пакистан.



Слични Објави