(ВИДЕО) СИТЕ СМЕ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА
Како мултиетничка земја знаеме и ги почитиваме придобивките на заедништвото. Го негуваме концептот „Едно општество за сите“, и знаеме дека силата на општеството доаѓа од единството и затоа во нашата земја имаме широк консензус за влез во ЕУ и НАТО . Во тој консензус се обединети Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи, Египќани, Бугари и сите останати кои што живеат во нашата Македонија. Кога се работи за стратешките интереси на нашата земја посакувам тоа да биде така и во политиката. Во сите анкети повеќе од 3/4 или 75 % од народот го поддржуваат членството во ЕУ и ги поддржуваат европските вредности. Да нашите луѓе сакаат да бидат дел од ова семејство. Се чувствуваат европски и припаѓаат на Европа. Во 91 година кога имав 17 години ова е сѐ за што сум сонувал. Да бидеме дел од европското семејство да имаме европска иднина, изјави премиерот Заев во својот говор одржан денеска пред Европскиот Парламент.

