ЗАЕВ : РЕФЕРЕНДУМОТ Е ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА НАШИОТ НАРОД
За нашиот народ ова е историски момент. За мене е голема чест да бидам првиот премиер на Македонија кој говореше пред Европскиот Парламент, на својот мајчин, македонски јазик. Јас верувам дека со договорот конечно го зацврстуваме нашиот идентитет.
Европа денес го слушна македонскиот јазик и тој ќе биде нераскинлив дел од Европската Унија и нејзините институции. Со конечна интеграција во Унијата, ние како македонски граѓани ќе бидеме свои на своето, обезбедувајќи сигурна иднина за нашите граѓани.
