ПОЧИНА ЕДВАРД УСПЕНСКИ

Култура Разно Свет

Легендарниот руски пистаел, драматург и сценарист почина на 80-годишна возраст во Москва.

Авторот на познатиот лик Чебурашка, Крокодилот Гена и многу други ликови омилени и добро познати на луѓето особено од постарата генерација почина денеска на 80-годишна возраст. Веста ја потврди неговата ќерка Ирина.

По неговите книги се снимени огромен број култини анимирани филмови од тоа време, кои биле дел од детството на речиси целиот источен блок, вклучувајќи ги и просторите на бивша Југославија.

Наградуван е со највисоки награди и почести уште за време на својот животот тој се запиша во историјата како уникатен детски писател.

Неговите дела се преведени на повеќе од 25 светски јазици.