ФРАПАНТНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦРНИОТ БАЛАНС НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА

Вести Истакнато Македонија

Фрапантни податоци слушнавме од Ургентниот центар во Скопје за црниот баланс на нашите патишта: „Најмалку по шест жртви на сообраќајни несреќи дневно доаѓаат само во Ургентниот центар“, изјави Д-р Алберт Леши, директорот на Ургентен.

„Во првото тромесечие од 2018 година, во Ургентниот центар се згрижени 319 пациенти повредени во сообраќајни несреќи. Во второто тромесечие згрижени се дури 390, а само во месец јули имавме 147 повредени. За жал, многу од тие повреди се фатални за лицата, или остануваат со голем ивалидитет“, вели д-р Леши.

За жал, младите според статистиките се најчести учесници во сообраќајните незгоди. За оваа цел во јули започна кампања под мотото „Не летај, летувај!“ Во близина на Градскиот парк во Скопје беше поставено возило оштетено во сообраќајна несреќа, со пораката: „Тргнаа на летување, а летнаа во провалија… Иван (24) и Ана (19) го загубија животот во сообраќајна незгода…“

Сообраќајната култура во Македонија сè уште останува на многу ниско ниво, а најкритични се летните месеци, особено викендите кога се случуваат сообраќајни несреќи со тешки последици.

Еве дел од ужасната статистика, информација која се надеваме дека ќе ве натраа да се однесувате совесно на патиштата:

Минатата година животот во сообраќајни несреќи го загубиле 155 лица, а 6.224 се потешко повредени во 4.019 сообраќајки со потешки последици. Од нив, 66 се млади лица на возраст од 15 до 40 години. Најголемиот број од сообраќајните несреќи се случиле на територијата на Скопје (1.652) во кои загинале 37 лица, а 218 се повредени. Оваа година соопштуваат од МВР дека нема да биде поинаква од претходната.