| |

ЗА МИГРАНТИТЕ ВО БОСНА БЕСПЛАТНА НАРОДНА КУЈНА

Босна и Херцеговина е новата транзитна земја на патот кон Европа. Бегалците и мигрантите во оваа земја пронајдоа добротворна помош и поддршка од локалното население кое се сеќава на сопствените маки од не толку далечното минато.

Асим Латиќ, сопственик на ресторан во Велика Кладуша, мал пограничен град со Хрватска, рече: „Во февруари видов еден човек што стоеше на улица во снегот. Го прашав дали е гладен, и рече дека нема пари. Реков дека тоа не е важно и го нахранив. Момчето им пиша на своите пријатели и следниот ден дојдоа. Се повеќе луѓе доаѓаа и морав да го затворам ресторанот. Од тогаш, дадовме 68.000 оброци”.

Латиќ денеска добива средства од Меѓународната организација за миграции, претходно два месеци тој и тројца пријатели ја финансирале акцијата самостојно.

За жал, за овие неколку месеци, расположението меѓу насенението опаѓа. Во понеделникот во Бихаќ, локалните жители протестираа против моменталната ситуација. Најголем дел од лутината беше упатена кон властите кои се покажале како неспособни да ја држат ситуацијата по контрола, а исто така зголемената несигурност поради мигрантите која населението ја чувствува.

Од почетокот на годинава во Босна и Херцеговина се влезени околу 10.000 мигранти.

Слични Објави