| |

ИСПРАТЕН ДОПИС ДО НАТО ЗА КОРИСТЕЊЕТО НА ТЕРМИНОТ „МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“

“Меѓународните институции го признаваат македонскиот јазик и идентитет и верувам дека со дописот што го испративме ќе го корегираат. Некогаш се случуваат грешки, веројатно и во делот на формулацијата, некојпат за сите е новина, па и за меѓународната заедница, исто така, е новина сето тоа што се случува во делот на Северна Македонија – новото име на нашата земја, што се надевам ќе биде и во функција после гласањето во грчкиот Парламент. Затоа што самото користење и на новото име кај нас, различно од идентитетските прашања како Македонци, кои зборуваме македонски јазик, а ќе бидеме од Северна Македонија треба јасно да се разграничи. Постојат веќе формулирани, готови протоколи каде тоа се објаснува и на сите меѓународните организации”, рече Заев на новинарско прашање по посетата на клиниката за неврологија. (Повеќе)

Слични Објави