ЗАХАРИЕВА: ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ ВЕЌЕ Е РЕАЛНА ПЕРСПЕКТИВА

//

Членството на Македонија во Европската Унија е вистинска перспектива за нашиот сосед, изјави министерката за надворешни работи на Р. Бугарија, Екатерина Захариева, во студиото на бугарската Нова ТВ во емисијата „Здраво, Бугарија“ . Таа го коментираше и потпишувањето на договорот меѓу Грција и Македонија за името на Македонија.

„Не постои голем ентузијазам кај  ЕУ и НАТО за примање на нови членови, но факт е дека Македонија ќе добие датум за преговори“, објасни Захариева.

Захариева увери дека со потпишувањето на договорот за добрососедство, Бугарија се заштитила и дека Македонија кон неа нема да има територијални или било какви други претензии.

„Бугарија има интерес од стабилни соседи, стабилна Македонија“, рече Захариева.



Што се однесува до развојот на нашите билатерални односи, таа ја нагласи потребата од ревидирање на македонските учебници по историја и литература.

Погледнете го целото интервју овде.



Претходна статија

ВИДЕО: ЧАД, ПЕСНИ И ФАКЛИ- ВО ПРВИТЕ РЕДОВИ НА ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕ

Следна статија

ОПШТИНА ШТИП ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОПШТИНА СТРАЖИЦА ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Најново од Вести