ОПШТИНА ШТИП ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОПШТИНА СТРАЖИЦА ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

//

Почитувани,

Како што јавноста веќе е известена, Општина Штип на десетти мај годинава оствари средба со претставници од Општина Стражица во Република Бугарија, на којашто беше договорено да се продлабочи соработката помеѓу нашите две општини. Оваа соработка ја продолжуваме со тоа што веќе утре Општина Штип испраќа своја делегација од 60 лица кои ќе го претставуваат Штип кај нашите соседи.

Станува збор за делегација во чијшто состав влегуваат лица од образовни институции во општината, младинци, спортисти, ученици, претставници од локалната самоуправа, невладиниот сектор, како и многу други претставници коишто веруваме дека Штип ќе го претстават во најдобро светло. Нашите претставници ќе учествуваат на повеќе настани, меѓу кои опфатена е промоција на македонските традиции, со фокус на локалните традиции во Штип, гастрономијата, образовните перспективи, спортските успеси и слично. Претставниците од образовните институции ќе имаат можност да остварат соработка на полето на пронаоѓање партнерски институции за аплицирање на проекти од европските фондови. Исто така, наши претставници ќе имаат можност да учествуваат во дебата на којашто ќе се зборува за европските перспективи на земјата и регионот.



Со почит,


Кабинет на градоначалник на Општина Штип



Претходна статија

ЗАХАРИЕВА: ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ ВЕЌЕ Е РЕАЛНА ПЕРСПЕКТИВА

Следна статија

КОЅИЈАС: ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ НЕ ТРЕБА ДА ПРОТЕСТИРА

Најново од Вести