КОЅИЈАС: ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ НЕ ТРЕБА ДА ПРОТЕСТИРА

//

Од милион демонстранти се намалија на 100.000, а сега паднавме на 4.000. Ова само по себе покажува дека грчкиот народ ги собори стереотипите. Ова го изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, за протестите против потпишувањето на договорот помеѓу Грција и Македонија за решавање на 27-годишниот спор околу името. Вчера (17-ти јуни), по потпишувањето на договорот, Коѕијас разговараше со управителот на областа Западна Македонија, Теодорос Карипидис, кој му предаде протестна декларација против договорот со властите во Скопје.

Во оваа прилика Коѕијас истакна дека бројот на демонстранти е многу мал и го праша „дали е протест или обид да се спречи потпишувањето на договорот“.

„Тука локалното население не треба да протестира. Најважно за луѓето е тие да имаат можност за подобар живот и развој, а тоа може да стане благодарение на соработката помеѓу двете соседни земји“, рече уште Коѕијас.



Претходна статија

ОПШТИНА ШТИП ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОПШТИНА СТРАЖИЦА ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Следна статија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИНТЕРПАРЛАМЕНТАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ПРАГА

Најново од Вести