АПЕЛАЦИЈА ГИ ПОТВРДИ ПРЕСУДИТЕ ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА ЗИЈАДИН СЕЛА

Скопска апелација им ги потврди затворските казни на осудените за нападот на Зијадин Села во Собранието, пренесува „Точка“ . Tие по добивањето на пресудата треба да добијат упатен акт за да одат во затвор од судија за извршување санкции.

Според пресудата, најголема казна од 13,6 години доби Никола Војминовски, а Кире Георгиевски и Александар Јаневски-Тошта добија по 13 години затвор. По десет години и шест месеци затворски казни добија Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.