|

Вработените во МВР ќе добијат повисоки плати

Владата донесе одлука за покачување на платите за вработените во Министерството за внатрешни работи.

Владата го задолжи Министерот за внатрешни работи, да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година.

Одлуката следува по известувањето од Министерството за внатрешни работи дека во буџетот на МВР за 2022 година се предвидени средства за ваквото покачување од месец септември и барањето на МВР за донесување ваков заклучок, со цел да се направи промена на решението за вредноста на бодовите.



Слични Објави