С. МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА ПРЕГРАТКА НА СМРТТА (5)

Нормално е да се наметне прашањето-кој е Иван Савидис. Роден е 1959 година во Грузија (веројатно во тнр. Елиники пондики), важи за кавкаски грк, чие семејство побегнало во периодот на Првата светска војна од турските територии, во СССР и Грузија. Од рана младост се занимава со тутун, а еминентниот “Форбс” го сместува на 30-то место на најбогатите луѓе на светот. Бил пратеник во руската Дума од партијата на Путин, “Единствена Русија” и важи за негов близок пријател. Бил сопственик на фудбалските клубови “Ростов”, “СКА Ростов” и “Виктор Понеделник Футбол Академиа”. Во 2012 година го спасува грчкиот “ПАОК” од сигурна пропаст, ги платил неговите долгови од 11 милиони евра. Поседува бројни тутунски фирми во светот, сопственик е на холдингот “Агроком Груп” и има неколку тв канали и два весници во Грција.Меѓутоа, стана познат по тоа, кога незадоволен од судењето на утакмицата меѓу неговиот ПАОК и АЕК, со пиштол влета во теренот, па беше отстранет од обезбедувањето. ФФ на Грција го казни со 100 илјади евра и забрана да се појавува на фудбалски натпревари во наредните три години, но казната беше само тоа. За пиштолот никој не праша, немаше обвинение за такво дело на насилие.

Од темните хоризонти на тајните преговори за името на Македонија, се гледа сенката на еден влијателен грчки дипломат. Тоа е Алекс Рондос, човек со наводно “лоша политичка репутација”, но близок до (екс)премиерот Јоргос Папандреу. Секогаш бил во сенка, но името му се појавува кога се водат преговори, името на Македонија да биде “Вардарска Македонија”. Има приватни канцеларии во Атина, сеуште е близок со Папандреу и сеуште работи во сенка.

Нема приказна, ако не е замешан ексминистерот за внатрешни работи на Македонија и најпознатиот Хашки затвореник, “брат” Љубе Бошковски. Само неколку дена пред да бидат направени видео и аудиозаписите од разговорите во кои Љубе Бошковски, наводно “го продава името”, во април 2011 година грчкиот весник “Македониа” објавува текст дека Македонија и Грција водат тајни преговори за името. Изненадувањето е дека “тајните преговори ги водат поранешниот директор на “ОКТА” Емануел Мелелис-Маноли и Алекс Рондос, од грчка страна, додека пак браќата Мијалкови-Сашо и Влатко, од македонска страна. На снимките со Бошковски стои датумот 12 април 2011 година, а македонскиот “Дневник” и српскиот “Блиц” ги пренесуваат пишувањата на грчкиот весник “Македониа” на 8 и 9 април 2011 година. “Посредникот кој зборува македонски со грчки акцент” многу потсетува на еден од актерите на грчката страна, за кои информира весникот “Македониа”. Уште една коинциденција…сепак, “Дневник” отворено кажува дека се работи за Манолис Мелелис, поранешен директор на “ОКТА”, иначе сопственик на вилата на Видое Смилевски-Бато на Водно, купена за 1.2 милиони евра.

Ова е само дел од општопознатите факти пред кои е исправено македонското општество и политика. Кој е тој кој сега може да помисли дека може да добие некаков друг, поповолен договор. Треба да имаш недостаток од разум за да поверуваш дека може нешто да се направи при загубен банкарски капитал, при услови кога само неколку грчки фирми имаат 7% од прометот на 200-те најголеми компании во Мкедонија, при силна пенетрација на странскиот-грчкиот фактор во информативната сфера и при непреченото работење на грчките тајни служби во земјата, обилно, со политички закани и финансии поддржани од главниот противник на влезот на Македонија во ЕС-Русија. А за “историското” пријателство меѓу Грција и Србија, во спрега на интересите на Москва, е, за тоа ќе проговориме друг пат.

Автор: Владимир Перев, новинар

Првиот дел од анализата можете да го прочитате овде.

Вториот дел од анализата можете да го прочитате овде.

Третиот дел од анализата можете да го прочитате овде

Четвртиот дел од анализата можете да го прочитате овде

МАТЕРИЈАЛОТ Е ПРЕВЗЕМЕН ОД WWW.FAKTOR.BG

ПРЕВОД: РЕДАКЦИЈА ТРИБУНА