| |

С.МАКЕДОНИЈА-ГРЦИЈА ПРЕГРАТКА НА СМРТТА (2)

Парите, фирмите и профитот се само врвот на ледениот брег на грчкото влијание во Македонија. Онака, како што несреќата никогаш не доаѓа сама, така и парите, никогаш не патуваат сами. Тие се вртат во круг и се враќаат назад за да се дооплодат, а нивните сопственици дополнително да се  збогатат, по сите правила на движењето на капиталот и продирањето во општествениот живот.

Првичниот јавен продор е продорот во медиумската сфера. Во Македонија се промовираше и се устоличи дневниот весник “Независен” зад кој стои грчката Независна балканска новинска агенција – ИБНА, односно директорот и ексдописникот на Грчката новинска агенција АНА, сопственикот Спиридон Сидерис.

Силна е екипата на “Независен”. Ја предводи долгогодишниот уредник и новинар на “Утрински весник” Слободанка Јовановска, а новинарскиот тим се состои од искусни новинари од поранешната “Принт медиа”: Александра Митевска, Лејла Сабит, Горан Адамовски, Сашо Димески…како засилување е стариот и искусен медиумски волк Ерол Ризаов, редовниот колумнист на “Независен”. Ништо не е оставено на случајноста. Ако сопственик е искусниот Спиридон Сидерис, грчки новинар кој се бави исклучиво со медиумски бизнис, директор на фирмата под која потпаѓа “Независен” е Никос Фрагопулос, долгогодишниот дописник на грчката агенција АНА од Скопје. За да разбереме колку е сериозна ситуацијата, треба да се каже дека “Независен” е втор проект во регионов. Првиот е “Фри прес” во Албанија, така што Сидерос, лека-полека го формира своето медиумско влијание. Двата весника имаат за цел форсирање на грчките интереси во овој дел од Балканот.

Јавна тајна е дека околу еден милион евра од тајните фондови на грчкото МНР биле искористени за финансирање на медиуми во Македонија и Албанија и за поддршка на православни цркви (повеќето веројатно во Албанија), според информациите на грчкиот информативен портал “Ајефимерида”. Впрочем, и дописничката на МИА од Атина јавува, дека за конкретниот текст на “Ајефимерида” реагирал и председателот на грчкиот Парламент и кабинетот на Ципрас, а според “Ефимеридиа тон синдактон”, обвинителството на Грција наредило истрага за објавување доверливи информации. Се отворила и расправа, а на прашањето на потпредседателот на Парламентот, зошто биле финансирани медиуми во Македонија и Албанија, според “Ајефимерида” било објаснето дека тоа е “за да постојат позитивни написи за Грција и да се лобира врз тамошните новинари или раководства на медиумите во полза на грчките интереси”.

Треба да се напомене дека во почетокот и македонската телевизија “Алфа” беше основана со грчки капитал, но неколкукратно го смени сопственикот, па сега гледаме стари српски и југословенски филмови кои не потсетуваат дека во животот се е минливо. Минлив е и животот, бидејќи повеќето од актерите и режисерите на тие филмови се одамна умрени и заборавени…само кај нас минуваат по линијата на “нашата среќа во титовото време и (само)убиствениот македонски/југо/сентимент.

Првиот дел од анализата можете да го прочитате овде.

(ПРОДОЛЖУВА)

МАТЕРИЈАЛОТ Е ПРЕВЗЕМЕН ОД WWW.FAKTOR.BG

ПРЕВОД: РЕДАКЦИЈА ТРИБУНА



Слични Објави