МОН ГИ ОБЈАВИ СПИСОЦИТЕ СО ПРИМЕНИТЕ СТУДЕНТИ ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ
Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година – за градот Скопје.
По објавување на резултатите, студентите имаат право на приговор во рок од 5 дена, (од денот на објавување на резултатите) кој се поднесува во архивата на Министерството за образование и наука – со назнака до Комисијата за студентски домови за градот Скопје.
Уште еднаш напоменуваме дека согласно објавениот Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година, сместувањето во студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје, ќе се врши само во реновираните блокови А и Б.
Резултати по приговорите, ќе бидат објавени на интернет страната на Министерството за образование и наука на 23.09.2019 година.
Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Гоце Делчев – Скопје
Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу – Скопје
Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом ДСД Пелагонија – Скопје