|

ИРАН ИСПУКА РАКЕТИ ВРЗ ДВЕ АМЕРИЧКИ БАЗИ ВО ИРАК- СЕ ШПЕКУЛИРА ЗА 80 УБИЕНИ АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ

Иран испука балистички ракети на две бази во Ирак со американски војници, а Иранската револуционерна гарда, која ја презеде одговорноста за нападот, соопшти дека нападите врз базите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани“.

Иранската државна телевизија објави дека во нападите врз двете бази во Ирак, Ирбил и Ајс ел Асад, се убиени најмалку 80 „американски терористи“.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф на твитер напиша дека неговата земја не сака ескалација или војна, но ќе се брани од агресија.

Пред да се соопштат податоците за евентуални жртви, се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, која напиша на Твитер дека ракетите се лансирани од Иран на две воени бази во Ирак.

„Во тек е проценка на штети и жртви. Засега се е добро. Ја имаме најмоќната и најопремената војска на светот, напиша претходно Трамп и најави скоро обраќање.



Слични Објави