|

Кинотека почнува нова Филмска училница за ученици

Кинотека на Македонија од денеска ја започнува новата Филмска училница 2025, едукативна програма наменета за ученици од основното образование на возраст од 11 до 14 години.

Наставата ќе се одвива секоја сабота во текот на десетина последователни викенди, сè до почетокот на декември. Учесниците ќе можат да се запознаат со целиот процес на создавање филм – од развивање на идеја и пишување сценарио, преку снимање и монтажа, до финална проекција пред публика.

Програмата е дел од меѓународниот проект FilmED, финансиран од Европската Унија преку Creative Europe – MEDIA. Целта е поттикнување на филмската писменост, промоција на европската кинематографија и збогатување на едукативните ресурси за младите.

Во проектот учествуваат институции и организации од Северна Македонија (Кинотека на Македонија), Полска (Центар за филмска култура „Анджеј Вајда“), Унгарија (Национален филмски центар на Унгарија), Чешка (Крутон) и Словачка (Кино Усмев), со координација на Гете-институтот во Прага.

Слични Објави