| |

АРСОВСКИ СЕ ЖАЛИ ДЕКА ВЛАСТА ЈА КОРИСТИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЗА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА, КАКО ВМРО-ДПМНЕ ДА НЕ ГО ПРАВЕШЕ ИСТОТО

Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција истакна дека во последните неколку месци власта ја користи државната и јавната администрација како апарат за вдомување на партиски кадар, со што се врши чиста изборна корупција и поткуп на гласачи.
Во последните 4 месеци само во Царинската управа е распишан оглас за вработувања на над 160 лица, 58 во октомври, 78 во јануари и 24 во февруари. Огласи за работа во последните неколку дена пред распишување на изборите се објавени и во Македонски железници, Пазарен инспекторат, Генерален секретаријат на  владата и Министерството за локална самоуправа.  Истата ситуација се случува и во локалните претпријатија. Вчера ЈП  Водовод и канализација рапсиша оглас за вработување на над 140 лица, вели уште Арсовски.



Слични Објави