ДРЖАВАТА ЌЕ ФИНАНСИРА ОПЕРАЦИИ ЗА ПРОМЕНА НА ПОЛОТ- ПУ Ј’ЗК ДА ВИ Е!
Добро како спиете навечер? Имате ли не дај Боже несоница, кошмари, нешто грижа на совест?! Толку сум револтирана што не можам да пронајдам соодветни зборови како да ве опишам!!! Нели ви е срам бе? Нели ви е грев бе? Луѓе со тешки болести умираат бидејќи немаат пари за да се лечат! Луѓе молат за помош по социјални мрежи за да соберат за операции ВО СТРАНСТВО, бидејќи овде кај нас НЕМА ниту соодветен кадар да ги направат, ниту пак чисти болници, ниту пак АПАРАТИ. КАКО НЕ ВИ Е СРАМ? па уште јавно се фалите!!! Нели државава наша немаше пари, нели требаше да штедиме?! Чии пари трошите вие на непотребни работи? Како смеете во мое име, во име на сите граѓани од наш џеб да финансирате вакви глупоштии?!
Никој од нас немаше да се налути ако помогнете на болните луѓе. Но нив ги ставате во канта за ѓубре. Ги оставате да просат и молат за својот живот!
Што ви е на вас бе? Абе жена ви умре родилка од сепса пред некој ден! Абе лекови немате доволно, ништо немате. Па што не пуштете некој динар и за правење на силикони, белки ќе се намали процентот на спонзоруши тогаш! Дајте и за луѓето без коса, да си стават вештачка па да им се дигне самодовербата! Грам мозок да се немало! Сиромаштија фрчи на сите страни, луѓето бегаат за парче леб кај ќе стигнат а вие ќе ми финансирате некој што сакал да си го исече алатот или да си додаде?
Колку перверзен мозок имате од еден до десет? Не, не ова вашево не се брои. Сто пати срам да ви е! Многу се опуштивте! АМА НАРОДОТ НЕМА ОВА ДА ВИ ГО ЗАБОРАВИ! ПУ Ј’ЗК!
Автор: Елизабета Најдоска Величкова

