„Бисерни бранови“ од Охрид донираше икони во манастирот посветен на Пресвета Богородица во охридското село Свиништа
Здружението „Бисерни бранови“ од Охрид по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица донираше икони во манастирот посветен на Пресвета Богородица во охридското село Свиништа.
„Денеска дониравме икони за здравје во манастирот посветен на Пресвета Богородица во село Свиништа. Нека е за многу години“, објави здружението на својата страница во социјалната мрежа Facebook.

