|

ЕК ГО ОДОБРИ ПЛАНОТ ОД 12 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ПОБРЗ ШИРОКОПОЈАСЕН ИНТЕРНЕТ

Европската комисија вчера одобри план од 12 милијарди евра на германската влада за изградба на нова телекомуникациска инфраструктура која ќе обезбеди побрз интернет и со тоа ќе го поддржи закрепнувањето од ефектите на пандемијата со коронавирусот.

Новата мрежа ќе се гради со државни пари за да се обезбеди побрз интернет за домаќинствата, деловните субјекти и јавните институции, со брзина од еден гигабит во секунда, соопштија од ЕК.

Се проценува дека сојузната држава ќе обезбеди шест милијарди евра од буџетот за воспоставување на мрежата, а преостанатите шест милијарди ќе бидат придонеси на федералните држави и локалните власти за индивидуални проекти.

Ова го зголемува вкупниот проценет буџет за проширување на гигабитната мрежа на 12 милијарди евра.

„Дигиталната трансформација на Европа зависи од висококвалитетни мрежи“, рече комесарот за конкуренција на ЕУ, Маргарет Вестагер, во изјавата.

„Тие се клучни за поврзување на регионите во Европската унија и поддршка на поконкурентна и одржлива социјална економија на пазарот“, додаде таа.

Државната поддршка за изградба на мрежата ќе донесе побрз интернет во оние области каде тој не е обезбеден од приватните оператори, што е во согласност со европските цели за широкопојасна интернет конекција, се вели во соопштението на ЕК.



Слични Објави