ЗАХАРИЕВА: НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ВОСПИТУВАМЕ ПОКОЛЕНИЈАТА НА ОМРАЗА
Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Загариева, деновиве изјави дека не можеме да бидеме сојузници во НАТО, а да ги нарекуваме бугарските војници фашистички окупатори.
„Има над 15.000 антибугарски публикации. Не можеме да ги воспитуваме поколенијата на омраза. Не можеме да бидеме сојузници, а бугарските војници да се нарекуваат фашистички окупатори. Треба да се вратиме на тонот на добрососедството и спроведувањето на Договорот“, рече Захариева.
Илијана Јотова, потпретседателката на Бугарија, во утринското гостување на бугарската национална телевизија рече дека најверојатно постои изработен проект за надминување на несогласувањата со Северна Македонија на 17 ноември.
На овој клучен датум министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе треба да одлучат со консензус дали ќе биде прифатена преговарачката рамка со која Македонија ќе треба да ги започне преговорите за прием.
Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов вели дека прашањето за Македонија останува отворено.